57 училишта вклучени во Неделата на информатиката

Уште 4 денови до почетокот на активностите од Неделата на информатиката. До сега се вклучија 57 училишта со над 60 наставници.
И оваа година активностите ќе се реализираат во рамки на Stem Discovery кампањата 2020. Доколку се уште не сте се вклучиле можете тоа да го направите со пријава на следниот формулар.

Неделата на информатиката во ОУ „Крум Тошев“ – Трубарево

862922_4628418153867_2083499949_nПо повод Светскиот ден на безбедност на интернет 05.02.2013год, учениците од ОУ„Крум Тошев“-Трубарево активно се вклучија во одбележувањето на настанот „Недела на информатиката“ под мотото ,,Поврзи се со почит,, кој се одржа во периодот од 04.02.2013 до 08.02.2013год. Се со цел да ја актуелизираат информатиката како наука, нејзиното значење и мотивирање на учениците за нејзино изучување и примена, активностите главно беа сконцентрирани на подигнување на свеста кај учениците за безбедно користење на интернетот како извор на знаење, но и на многу опасности.
На одделенскиот час, учениците од 7одд во сите одделенија прочитаа краток текст на тема ,,И сајбернасилството е насилство,, со кој ги запознаа учениците со поимот Сајбернасилство и беа запознати со активностите за наредниот ден кога се одбележува Светскиот ден на безбедноста на интернет 05.02.2013год. Исто така учениците од 7одд изработија катче за совети на учениците при користење на интернетот т.е користење на социјалните мрежи и електронска пошта

Учениците од 6 и 7одд на часовите по информатика заедно со наставничката по информатика Татјана Јанеска-Спасева разговараа за правилата кои треба да ги применуваат при користење на интернетот, беа и разгледани многу правила за однесување во дигиталниот свет кои се поставени на страната www.ebonton.mk . Исто така беше посетен и веб сајтот www.crisp.org.mk каде беа разгледани игрите и филмовите кои се поставени таму. Мал дел од учениците за прв пат се запознаваа со поимите сајбернасилство, плагијат и начинот на купување преку интернет а голем дел од нив ги проширија своите знаења.
Учениците од 8одд на часот по програмирање изработуваа анимација на тема:,,Поврзи се со почит,,

 

 

 

Работилница со учениците – ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино

На 5 февруари – Денот на побезбеден интернет учениците од 7г одделение со наставничката по информатика Ѓорѓина Димова реализираат работилница со учениците од 5 одделение. Најпрво се реализираат активности од работилницата Барометар на чувства, а потоа учениците направија Кодекс со правила за одннсување на интернет. активностите беа многу добро прифатени од малите ученици.