Недела на информатиката во ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци

Одбележан денот за безбеден интернет во ООУ„Кирил и Методиј„ -Стајковци И оваа година, како и претходните во нашето училиште спрведовме активности со кои го одбележавме Денот на безбеден интернет. Учениците од V одд, после презентацијата, подготвија пораки за безбеден интернет. Учениците од од VI одд реализираа работилница на тема “Create, connect and share respect: A better internet starts with you”.

 

 

 

 

Работилница со родители

Како една од активностите кои се одржаа беше и работилницата со родителите. Учениците подготвија теми кои се интересни за нив, а на истите разговараа, дебатира со родителите.

 

Мобилни телефони/ безжични уреди

Придобивки

 

Денес многу родители гледаат на мобилните телефони како уред кој им овозможува во секој момент да бидат во контакт со своето дете.

Continue reading

Размена на пораки во „реално време“: Совети за родители

Придобивки

Овие сервиси им овозможуваат на луѓето  разговарање во „реално време“. Овој начин им е посебно пристапен на децата кои користат кратенки во комуникацијата.

Continue reading

Користење на електронска пошта: Совети за родители

Користење на електронска пошта

 Придобивки

Возрасните и децата го користат овој начин за евтина комуникација со луѓето од целиот свет.

Continue reading

Сурфање на интернет: Совети за родители

Сурфање по интернет

 Придобивки

Сурфањето по интернет е како на своите дланки да ја имаш најголемата библиотека или најголемиот систем за забава. Децата можат да читаат приказни, да разгледуваат музеи, да посетат други земји, играат игри, разгледуваат фотографии.

Можни ризици

  • Децата може да налетаат на сајтови со слики и содржини со сексуални, расистички, насилни и неточни информации;
  • Децата може да имаат потешкотии  во одредувањето на кредибилитетот и релевантноста на информациите пронајдени на интернет. Некои наивно сметаат дека ако нешто е поставено на интернет значи е точно.

 Совети за минимизирање на потенцијалните ризици

  • Користете интернет пребарувач со сигурносни механизми. Има веб пребарувачи дизајнирани посебно за деца, или системи кои овозможуваат филтрирање на содржините на интернет соодветно на возраста;
  • Научете ги децата кога ќе видат содржина на интернет која ги вознемирува или плаши веднаш да кажат на некој возрасен на кој му веруваат. Тоа е возрасен на кој вашето дете му верува и со кој вие и вашите деца се чувствувате сигурно.
  • Помогнете му на вашето дете да пронајде информации на интернет. Пребарувајќи заедно  вие ќе му помогнете на детето да пронајде релевантни информации на интернет и да ги разграничи фактите од фикцијата;