Недела на информатиката 2021

Продолжуваме и оваа година, само со активности прилагодени на ситуацијата. Активностите ќе бидат насочени кон однесувањето на учениците кога се онлајн со акцент на почитта кон другите. Мотото оваа година е:

„Создади и сподели почит – подобриот интернет започнува со тебе“

Активностите ќе се одвиваат според следната агенда:

09.02.2021 (вторник) Одбележување на Денот за побезбеден интернет со заедничко играње на Kahoot квиз

10.02.2021 (среда) Вебинар „Квалитетна онлајн наставата базирана на интерактивни едукативни ресурси“

11.02.2021 (четврток) Преку загатки до побезбеден интернет – Escape room

Сите ученици ќе имаат можност во текот на целата недела да се вклучат со свои размислувања на нашиот Padlet креиран со таа намена. Учениците ќе дискутираат на теми како што се: безбедноста на интернет, нашето однесување на интернет и како да се заштитиме кога сме онлајн.

Побудување на интерес за програмирање преку игра

Во рамките на Неделата на информатиката во ООУ „Крсте Мисирков“ се реализираат различни активности кои имаат за цел да ги воведат учениците во основите на програмирањето. Користењето на различни приоди при изучување на програмирањето има за цел побудување на интересот и мотивацијата на учениците. Една од активностите е користење на игра со која се развива логичкото размислување и се прават првите чекори во креирање на програми.

Одбележан Денот на побезбеден Интернет во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје

Во рамките на активностите за промовирање на информатиката, во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, беше одбележан Денот на побезбеден Интернет. Презентација на тема „Креирај, сподели и поврзи се со почит“ беше извршена од страна на учениците од секцијата по информатика. Истата побуди дискусија помеѓу учениците и изведување на заеднички заклучок дека за побезбеден Интернет секој треба да започне од самиот себе, да се однесува онлајн така како што сака останатите да се однесуваат со него!

 

 

 

Европска недела на програмирањето во ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино

Училиштето „Страшо Пинџур“ од Неготино во соработка со Неделата на информатиката зеде учество со свои активности во Европската недела на програмирање под наслов Through coding to good digital citizen. Учениците од 6 одделение во рамките на наставната содржина Компјутерска култура и етика изработја дигитални приказни во Scratch преку кои се прикажаа ситуации во кои се нарушува правото на сопственост и правото на приватност. Дел од нив може да се погледнат на следниот линк: https://scratch.mit.edu/studios/4325420/

За пријавениот настан на Европската недела на програмирањето може да се причита тука.

0

Coding is fun – инспирирање и мотивирање на учениците

Во рамките на настанот Coding is fun, како дел од одбележувањето на Europe Code Week, на 12.10.2017 година во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, се одржа работилница за користење на веб сајтот code.org, кој има за цел да гo побуди интересот на учениците за програмирање. Учениците истражуваа, соработуваа, се забавуваа и ги правеа своите први чекори во програмирањето,

 

 

Одбележан Денот за побезбеден Интернет во ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје

Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, и оваа година се вклучија во одбележување на Денот за побезбеден Интернет, со цел промовирање на побезбедна и поодговорна употреба на онлајн технологиите, особено меѓу децата и младите луѓе низ светот. Оваа година мотото на кампањата е „Play your part for a better Internet” позади кое стои потребата од позитивна комуникација како во реалниот, така и во дигиталниот живот. Во таа насока учениците од IX одделение, заедно со наставничката по информатика Маја Виденовиќ, организираа низа на активности и работилници со учениците од пониските одделенија чија крајна цел беше поттикнување на размислување за безбедноста на Интернет, како и одговорноста која секој од нас ја има онлајн.

Како почетна активност беше спроведена поделба на брошури за ученици и наставници при што беше дискутирано за тоа што може секој од нас да направи за да може да се чувствуваме побезбедни на Интернет. Со учениците реализирани повеќе работилници кои ја потенцираа потребата од позитивната комуникација („Сите сме различни“, „Носи ги своите борови – позитивни коментари“ и „Сподели срце“), квиз за тоа како треба да се однесуваме онлајн, а беа разгледувани и содржините на сајтот Безбедно на Интернет – www.crisp.org.mk.

Интересот на учениците, како и секоја година, беше огромен. Сите тие се согласија дека позитивната комуникација е значаен сегмент во однос на одговорното и безбедно користење на Интернетот.

This slideshow requires JavaScript.

 

Учениците од ОУ„Братство Единство“-Охрид, активни во „Недела на информатиката“

Учениците од ОУ„Братство Единство“-Охрид активно се вклучија во одбележувањето на настанот „Недела на информатиката“, се со цел да ја актуелизираат информатиката како наука, нејзиното значење и мотивирање на учениците и наставниците за нејзино изучување и примена во наставата. По повод Светскиот ден на безбедноста на интернет, активностите главно беа сконцентрирани на подигнување на свеста кај учениците за безбедно користење на интернетот како извор на знаење, но и на многу опасности.

Учениците од VI-VIII одделение креираа голем број постери- компјутерска графика кои ги презентираа пред своите соученици. Изборот на најдобрите десет постери го направи жири од ученици  и наставници, кои одлучија истите да ги поставиме на блогот. На сите ученици им честитаме за идејата и успешно креираните цртежи.

За учениците од VI одд. реализиравме предавање за безбедноста на интернет и проследивме неколку видеа кои носат силни пораки околу начините на заштита и доброто однесување на интернет.

Со учениците од VII и VIII одделение реализиравме истражувачка активност,  во која учениците беа поделени во групи со по еден „паметен“ мобилен телефон во група. Секоја од групите извлече код кои ги води до сајтови или видеа на интернет од каде треба да извлечат важни пораки и информации поврзани со безбедноста на учениците. На крај, секој од учениците од групата презентираше пред своите соученици и беше награден со аплауз.

This slideshow requires JavaScript.

Квиз-натпревари помеѓу учениците во ОУ„Кирил и Методиј“ – с.Стајковци

Многу интересно беше на квиз натпреварите кои се случуваат помеѓу учениците од 6-тите и 7-мите одделенија. Можеби на моменти делуваа како лути противници, сепак на крај сите беа ПОБЕДНИЦИ.

ЧЕСТИТКИ ЗА ПОКАЖАНОТО ЗНАЕЊА!!!!

DSC01734 DSC01735 DSC01737 DSC01738

Први на мегдан беа учениците од шестите одделенија, а потоа следеа знаењата на учениците од седмите одделенија.

DSC01745 DSC01747 DSC01749 DSC01751 DSC01752

 

Одбележување на неделата на информатиката во ОУ„Кирил и Методиј“ – с.Стајковци

На 04.02.2013 година во ОУ„Кирил и Методиј“ – с.Стајковци  Скопје се спроведуваа активности по повод Неделата на информатиката со цел промовирање на информатиката меѓу учениците во основните училишта и зголемување на интересот на учениците за изучување на информатиката. Оваа година Неделата на информатиката се реализираше на тема: Правата и обврските на интернет и под мотото: Поврзи се со почит. Во рамките на неделата беше одбележан и Меѓународниот ден на побезбеден интернет.

DSC01633 DSC01634 DSC01638 DSC01639 DSC01641

Сите активности ги реализираа учениците кои го следат изборниот предмет – Проекти од информатиката.

Најдобри постери изработија:

Од 6-8 одд.

I место – Михаела Панчева, 7-2

II место – Кристина Георгиевска, 7-2

III место – Симоновска Анѓела, 7-4

Тодоровска Изабела, 6-1

 

Од 5 0дд.

I место – Кристина Трајковска

II место – Марија Здравковска, Наталија Трајковска, Ангела Андоновска, Каролина Симоновска

III место – Дамјан ЈАкимовски, Христина Серафимовска