Работилници во ОУ„Панајот Гиновски“

По повод Денот за безбеден интернет, реализиравме две работилници. Една работилница беше реализирана со учениците од петтите одделенија. Иако тој ден беа присутни на контакно-училишната емисија на МТВ, сепак , беа расположени за игра и учество во работилницата која ја спроведоа ученици од 7-2 одд.

DSC01686 DSC01697 DSC01702 DSC01707 DSC01708 DSC01718

Мораме да ги пофалиме и нашите второодделенци, кои со задоволство ги прифатија боенките. И со тоа дадоа придонес за одбележувањето на неделата на информатика.

DSC01680 DSC01682 DSC01684

Нашите родители, иако во мал број, но со голем ентузијазам, беа присутни и на работилницата за родители. Особена благодарност до сите присутни родители, ученици и наставници. Остана договор, вакви работилниц, или трибини, форуми, да има почесто за подобра едукација на родители.

DSC01720 ??????????????????????????????? DSC01723 DSC01728

Особено им благодариме за одвоеното време

Недела на информатика во ОУ„Панајот Гиновски„

Во рамките на активностите за одбележувањето на Неделата на информатиката во нашето училиште се одржаа неколку интересни случувања. Бидејќи во нашето училиште наставата се одвива на македонски и албански јазик, нашите ученици заедно го одбелажаа Денот за безбеден интернет. Тие заеднички го уредија паното со наградените постери. Еве како изгледаше сето тоа.

DSC01642 DSC01648 DSC01650 DSC01653

Исто така, нашите ученици изработија брошури, на македонски и албански јазик, и ги поделија на гостите кои доаѓаа во нашето училиште. А со тоа и ги запознаа за значењето на 05.02.2013 година.

DSC01654 DSC01651

 

Би сакале да споменеме нешто што особено ни значи, а што се случи на 05.02.2013 година. Како дел од активностите од Проектот за меѓуетничка интеграција, кој е спроведен од МОН, нам на гости ни дојдоа ученици од ОУ „Лиман Каба“, кои се запознаа со она што се случуваше во нашето училиште. Им благодариме за нивното присуство.

DSC01661 DSC01663 DSC01664 DSC01670

Квиз натпревари по информатика во ОУ„Крсте Мисирков“ Скопје

Како дел од активностите за промоција на информатиката во ОУ„Крсте Мисирков“ на 07.02.2013 беа реализирани квиз натпревари помеѓу учениците од VI и VII одделение, што привлече голем интерес кај учениците и ги поттикна на истакнување на своите знаења, способности и вештини стекнати на часовите по информатика.

Работилница со родители ОУ„Крсте Мисирков“

Во рамките на Неделата на информатиката беше реализирана и работилница со родители со цел инволвирање на родителите во безбедното користење на Интерентот од нивните деца. Присутните родители земаа активно учество во дискусиите кои се оденсуваа на предностите кои ги нуди Интернетот, но и можните опасности кои постојат, како и начините за нивно надминување. Заедно со родителите беше разгледан и видео запис за конкретна злоупотреба на Интернетот кој побуди исто така голема дискусија. Крајниот заклучок беше дека родителите често разговараат со своите деца за начинот на користење на Интернет, што е тоа што може да се користи и како, а честопати и заедно со своите деца работат на разгледување на одредени сајтови со цел оспособување на децата за правилно користење на Интернетот и заштита од евентуалните опасности.

Крајот на работилницата покажа дека родителите се заинтересирани за учествои во други работилници од сличен карактер во кои сите три инволвирани страни – ученици, наставници и родители ќе дискутираат за секојдневни прашања од животот на учениците.

Работилници со ученици – ОУ „Крсте Мисирков“ Скопје

Членовите на информатичката секција заедно со наставникот по информатика – Маја Виденовиќ, реализираа неколку активности со ученици по повод Неделата на информатиката и Денот за безбедно на Интернет.

Со учениците од VI и VII одделение беа реализирани повеќе работилници за етичко користење на Интернетот, конкурс за избор на најдобар постер на тема: „Поврзи се со почит“, а беа разгледувани и содржините на сајтот Безбедно на Интернет – http://www.crisp.org.mk. Учениците пополнуваа и анкета за безбедно користење на Интернетот, поставуваа свои правила и слободно може да се каже дека активностите кои се реализираа оваа недела допринесоа многу за подигање на свеста кај учениците а се направија и почетните чекори за понатамошно надградување на нивните сознанија кога станува збор за Безбедното користење на Интернетот.

Интересот на учениците за овие активности беше огромен, активно се вклучуваа во различни дискусии и сите заеднички изготвија Кодекс за однесување на Интернет.

This slideshow requires JavaScript.

Почетни активности по повод Неделата на информатиката во ОУ„Крсте Мисирков“ Скопје

Во периодот од 04-08.02.2013 година во ОУ„Крсте Мисирков“, Скопје се спроведуваа активности по повод Неделата на информатиката со цел промовирање на информатиката меѓу учениците во основните училишта и зголемување на интересот на учениците за изучување на информатиката. Оваа година Неделата на информатиката се реализираше на тема: Правата и обврските на интернет и под мотото: Поврзи се со почит. Во рамките на неделата беше одбележан и Меѓународниот ден на побезбеден интернет.

Активностите беа реализирани од страна на учениците кои го изучуваат предметот Проекти од информатиката и кои се членови на информатичката секција во училиштето.

Членови на информатичката секција

Како почетна активност беше реализирана поделбата на брошури за ученици и флаери за наставници и за време на одделенските часови беше извршена кратка презентација на Неделата на информатиката и Денот за побезбеден интернет како и активностите кои ќе се преземаат за одбележување на истите. На тој начин сите ученици и наставници беа запознаени со активностите кои ќе се реализираат во текот на неделата. Исто така беа поттикнати дискусии меѓу наставниците и учениците за тоа како го користат интерентот и како сето тоа да го прават колку што е можно побезбедно.