Во рамките на активностите од Неделата на информатиката се распишува конкурс за најдобар постер на тема „Поврзи се со почит“.
Ќе се избираат по 3 најдобри во две категории:
5 одделение и
6-8 одделение.
Постерите треба да бидат изработени на компјутер во програма по избор на ученикот и предадени во дигитална форма кај наставникот по информатика во училиштето.
Во секое училиште посебно ќе се избираат најдобри.
Краен рок за предавање на постерите е 1 февруари 2013.
На 5 февруари во рамките на одбележувањето на Европскиот ден за побезбеден интернет ќе се организира изложба од сите пристигнати постери. Најдобрите ќе бидат објавени и на веб сајтот на Неделата на информатиката.
За повеќе информации околу темата за постерот можете да погледнете на сајтот: http://www.saferinternetday.org