На 4 февруари за време на часот на одделенската заедница во ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино учениците од 7в одделение извршија презентирање и најава на планираните активности по повод Неделата на информатиката во сите одделенија. Тие разделија брошури за учениците какои флаери за наставниците на тема Безбедно користење на интернетот.
Tag Archives: недела на информатиката 2013
Конкурс за постер на тема „Поврзи се почит“
Во рамките на активностите од Неделата на информатиката се распишува конкурс за најдобар постер на тема „Поврзи се со почит“.
Ќе се избираат по 3 најдобри во две категории:
5 одделение и
6-8 одделение.
Постерите треба да бидат изработени на компјутер во програма по избор на ученикот и предадени во дигитална форма кај наставникот по информатика во училиштето.
Во секое училиште посебно ќе се избираат најдобри.
Краен рок за предавање на постерите е 1 февруари 2013.
На 5 февруари во рамките на одбележувањето на Европскиот ден за побезбеден интернет ќе се организира изложба од сите пристигнати постери. Најдобрите ќе бидат објавени и на веб сајтот на Неделата на информатиката.
За повеќе информации околу темата за постерот можете да погледнете на сајтот: http://www.saferinternetday.org
Безбедноста на интернет
Темата на неделата оваа година е „Безбедноста на интернет“. Во рамките на неделата ќе се одбележи и Светскиот ден за безбеден интернет кој оваа година по 10-ти пат се одбележува во светот под мотото „Поврзи се со почит“. За таа цел овде го претставуваме видеото за оваа година.