Оваа година Неделата на информатиката се реализира на тема: Правата и обврските на интернет и под мотото: Поврзи се со почит.
Во рамките на неделата ќе се одбележи и Европскиот ден на побезбеден интернет.
04.02.2013 понеделник
Ученици од 7 одделение на одделенски час во сите одделенија ја вршат кратка презентација на Неделата на информатиката и Денот за побезбеден интернет како и активностите кои ќе се преземаат
Разделување на брошури.
Пополнување на анкетата за ученици
05.02.2013 вторник
Одбележување на Европскиот ден за побезбеден интернет
Работилници со учениците од 5 одделение (идните ученици кои ќе изучуваат информатика) Работилницата ќе ја реализираат ученици од 7 или 8 одделение (кои изучуваат изборен предмет)
Прогласување на победниците од Конкурсот за најдобар постер изработен на компјутер во секое училиште.
Изложба со сите пристигнати постери во холовите на училиштата.
Пополнување на анкетата за ученици која е поставена на блогот со оние одделенија со кои имаме часови
Учениците од 6 одделение поставуваат предлог правила за е-бонтон на веб сајтот https://ebonton.mk
06.02.2013 среда
Работилница со родителите и наставниците – може со претставниците од Советот на родители. На работилницата присуствуваат и ученици кои изучуваат изборен предмет кои реализираат дел од активностите.
Пополнување на анкетата за ученици која е поставена на блогот со оние одделенија со кои имаме часови
07.02.2013 четврток
Квиз натпревари за учениците од 6 одделение
Пополнување на анкетата за ученици која е поставена на блогот со оние одделенија со кои имаме часови
08.02.2013 петок
Квиз натпревари за учениците од 7 одделение
Завршување на активностите и прогласување на победниците од квизовите. Доделување на награди, дипломи и благодарници.