Социјално вмрежување: Совети за родители

Социјално вмрежување

 

Придобивки

Социјалните сајтови им овозможуваат на децата да се поврзат со нивните врсници и други корисници. Тоа го прават преку разменување на пораки и електронска пошта, оставање на коментари, постови, фотографии, видеа, музика на нивните блогови или на нивните профили. Околу 73 проценти од тинејџерите користат социјални мрежи.

 

Потенцијални ризици

  • Социјалните сајтови бараат од корисникот да креира профил со информации за неговата возраст, пол, хоби и др. И додека овие профили им овозможуваат на децата да се поврзат, индивидуи  кои сакаат да ги злоупотребуваат децата може исто така да го користат својот профил за да ги намамат своите жртви.
  • Децата често се натпреваруваат за тоа кој ќе има повеќе контакти па ќе додаваат луѓе во контактите иако не ги познаваат во реалниот живот.

 

Децата не можат да го вратат она што го рекле на онлајн и сликите кои ги поставиле. Тие може да постават слики или да остават коментари кои се навредливи, провокативни или несоодветни. До овие сите јавноста има постојан пристап. Овие постови може да се снимат, да се препратат и да се разгледуваат неограничен број пати. Разговарајте со вашите деца за тоа.

 

Совети за минимизирање на потенцијалните ризици

  • Покажете им на децата како да ги искористат сигурносните протоколи на социјалните мрежи со кои се забранува пристап до профилот на луѓе кои не им се контакти;
  • Кажете им на децата да ги прифаќаат како контакти само оние кои ги познаваат и во реалниот живот;
  • Поттикнете ги децата да избираат соодветни прекари за своите профили. Разговарајте со вашите деца да креираат силни лозинки  –  на пример акроними.
  • Посетете ги социјалните веб сајтови заедно со вашето дете и разговарајте со нив за потенцијалните ризици;
  • Прашувајте ги вашите деца за тоа со кого комуницираат онлајн;
  • Поставете правило дека не смеат да дадат лични податоци ниту да се сретнат со некого кој го запознале онлајн без ваша дозвола и знаење. Ако веќе и вие размислувате за средба најпрво разговарајте со родителите на тоа дете.  И придружувајте го вашето дете на средбата;
  • Поттикнувајте го вашето дете да размислува „Дали оваа порака е штетна, вознемирувачка, навредлива? “ пред да постираат било што. Научете ги вашите деца да не одговараат на првокативни, навредливи пораки кои ги плашат, ги вознеморуваат и да ви ги покажат овие пораки на вас.