На 6 февруари учениците од 7а одделение заедно со наставничката по информатика реализираа работилнца со родителите на тема: Да ги заштитиме децата на интернет. Работилницата започна со пополнување на анкета со цел да се утбрди колку родителите се запознати со активностите на нивните деца на интернет. Потоа се проследи видео „Онлајн грабливци“ за родителите да се запознаат со тоа во каква замка може да паднат децата преку интернет. Потоа родителите се запознаа со начините на кои децата се пооврзуваат преку интернет. Се разгледаа придобивките од тоа поврзување и можните ризици. Потоа се поведе дискусија околу тоа како може да се намалат тие ризици.
Родители активно учествуваат во работилницата.
Tag Archives: Страшо Пинџур – Неготино
Работилница со учениците – ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино
На 5 февруари – Денот на побезбеден интернет учениците од 7г одделение со наставничката по информатика Ѓорѓина Димова реализираат работилница со учениците од 5 одделение. Најпрво се реализираат активности од работилницата Барометар на чувства, а потоа учениците направија Кодекс со правила за одннсување на интернет. активностите беа многу добро прифатени од малите ученици.
Најава на активностите по повод Неделата на информатиката
На 4 февруари за време на часот на одделенската заедница во ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино учениците од 7в одделение извршија презентирање и најава на планираните активности по повод Неделата на информатиката во сите одделенија. Тие разделија брошури за учениците какои флаери за наставниците на тема Безбедно користење на интернетот.