Заврши Неделата на информатиката 2024

Заврши и оваа недела во која ја промовиравме информатиката, кодирањето, критичкото размислување и решавање на проблеми. Им благодариме на сите посветени наставници кои се вклучија во оваа акција.

Continue reading

Недела на информатиката 2024 во ООУ„Кочо Рацин“ – Охрид

Интернетот нуди широк спектар на информации и ресурси, но исто така и бројни ризици како што се сајбер малтретирање, онлајн предатори, кражба на идентитет, измами и изложеност на несоодветна содржина. Едукацијата на учениците за безбедноста на Интернет им помага безбедно да се движат низ светот на интернет и да ги избегнат овие ризици.
Како дел од неделата на информатика, реализиравме различни активности со учениците од IX-1 одделение.
Користејќи ја презенацијата со прашања разговаравме за социјалнитее медиуми, кои од нив ги користат, на кои начини можат да се заштитат, како е правилно да се постапи во различи ситуации, до што доведуваат погрешните постапки и сл.
Како начини за заштита на личниот идентитен на интернет, учениците правеа аватари, користејќи ја алатката avatar maker.
Како завршна активност ги реализиравме активностите од собата за бегство, каде преку решавање загатки, за кои беше потребно да одговорат точно на прашањата, на еден забавен начин ги заокруживме правилните и безбедните начини за користење на интернет просторот.

Continue reading

Недела на информатиката 2024 во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ Центар, Скопје

Учениците од трето одделение од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ Центар, Скопје под менторство на наставничките Биљана Стојановска и Вера Петровска земаа учество во Неделата на информатиката и Денот за побезбеден интернет преку низа активности. Целта беше подигнување на свеста за безбедноста на интернет, како и развивање на критичкото и програмското размислување кај учениците.

Continue reading

Недела на информатиката 2024 во ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Учениците од V-2 одд. од ООУ „11 Октомври“ од Скопје со пригодни активности ги одбележаа неделата на информатиката и денот на побезбеден интернет. Под менторство на наставничката Весна Недановска беа реализирани низа активности преку кои учениците го разбраа методот на кодирање. Така, според зададен код, учениците во работен лист креираа слики со боење квадратчиња. Потоа, дебатираа на темата „Безбеден интернет“, проследија едукативни видеа и меѓусебно ги споделија своите искуства. Преку квизот „Ден за побезбеден интернет 2024“, учениците открија дали се добри „онлајн“ пријатели.

Continue reading

Недела на информатиката 2024 во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани

Активност 1 (6 одд. – 120 ученик, 8 одд. – 30 ученика): Учениците се запозна со концептот на Цезаровата шифра за кодирање користејќи различни клучеви и нивни комбинации. Потоа секој ученик кодираше порака за побезбеден интернет. Учениците си ги разменија пораките и секој ученик ја декодираше пораката од ученикот до него. Пораките ќе бидат искористени за креирање на постер „Совети за побезбеден интернет“.

Continue reading

Недела на информатиката 2024 во ООУ „Димче А. Габерот“, Демир Капија

Целта на реализираните активности е учениците полесно се запознаат со кодирањето и да се запознаат со опасностите кои ги демнат на интернет.

Continue reading

Недела на информатиката 2024 во ООУ „Климент Охридски“ – Битола

На почетокот на часот водевме разговор за тоа за што го користат компјутерот учениците и освен компјутер кој друг уред користат (мобилен телефон, таблет…) Потоа секој ученик доби лавиринт и со помош на стрелки се движеа низ лавиринтот за да дојдат до целта.

Continue reading

Недела на информатиката 2024 во ООУ “Свети Јоаким Крчовски” -Крива Паланка

Учениците од нашето училиште и оваа година во рамки на Неделата на информатиката го одбележаа Меѓународниот Дена на безбеден Интернет. Преку презентација се запознаа со добрите и опасните страни на интернетот. Заеднички ги дефиниравме правилата за безбеден интернет, кои потоа ги напишавме на нашиот -Интернет правилник и го потпишаа учениците со ветување дека истиот ќе го почитуваат.

Continue reading

Недела на информатиката 2024 во ООУ,,Кирил Пејчиновиќ,,-Скопје

Учениците од 5-а од ООУ,,Кирил Пејчиновиќ,,-Скопје и наставничката Весна Бошковска следеа предавање од страна на родителот Науме Савески (информатичар) и се запознаа со поимите:

1.Безбедност на интернет (онлајн безбедност,сајбер безбедност)

2.Лична безбедност во дигиталната комуникација(цел на злоупотреба се: лични податови,идентитет,лозинка

3.Примери на работи против кои се бориме:

-Сајбер насилништво,кражба на идентитет,фишинг,навредлива содржина

Недела на информатиката 2024 во ООУ„ Тошо Велков-Пепето“ и ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци

Сите ученици од VI и VII одделение од ООУ„ Тошо Велков-Пепето“ и ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци беа опфатени со активности по повод Недела на информатиката.

Continue reading