Недела на информатиката 2024 во ООУ„Кочо Рацин“ – Охрид

Интернетот нуди широк спектар на информации и ресурси, но исто така и бројни ризици како што се сајбер малтретирање, онлајн предатори, кражба на идентитет, измами и изложеност на несоодветна содржина. Едукацијата на учениците за безбедноста на Интернет им помага безбедно да се движат низ светот на интернет и да ги избегнат овие ризици.
Како дел од неделата на информатика, реализиравме различни активности со учениците од IX-1 одделение.
Користејќи ја презенацијата со прашања разговаравме за социјалнитее медиуми, кои од нив ги користат, на кои начини можат да се заштитат, како е правилно да се постапи во различи ситуации, до што доведуваат погрешните постапки и сл.
Како начини за заштита на личниот идентитен на интернет, учениците правеа аватари, користејќи ја алатката avatar maker.
Како завршна активност ги реализиравме активностите од собата за бегство, каде преку решавање загатки, за кои беше потребно да одговорат точно на прашањата, на еден забавен начин ги заокруживме правилните и безбедните начини за користење на интернет просторот.

Разбирањето на важноста на заштитата на личните информации на интернет е од витално значење. Учениците треба да научат како да ја чуваат својата приватност преку контролирање на она што го споделуваат на интернет, разбирање на последиците од прекумерното споделување и свесни за поставките за приватност на платформите на социјалните медиуми и другите онлајн сметки.

Со вакви активности придонесуваме за зајакнување на свеста кај учениците да прават безбедни, одговорни и информирани избори во нивните онлајн интеракции и дигиталниот свет.

Ментор: Јованка Анѓелкоска

Напишете коментар