Неделата на информатиката во ООУ „Вера Јоциќ“ – Скопје.

Реализирани активности за Недела на информатиката во I -2 одд од ООУ “Вера Јоциќ” Скопје одд. наставник Билјана Лазареска . Споведовме работилница на тема „Заедно за подобар интернет“. Учениците најпрво направија свои кодови, движења кое се залагаа врз креативност, решавање проблеми и соработка преку игра и други технолошки активности. Нашата цел е да го направат програмирањето повидливо и да ја демистифицираат оваа вештина. Тие треба да научат како функционира технологијата и како ИТ влијае на секојдневниот живот. Преку истражување на широк спектар дигитални теми и теми од технологија и креативно програмирање, тие ќе се поттикнат да ги развијат дигиталните вештини кои им се потребни за денешниот свет. Покрај предностите кои ги има користењето на интернет, дискусијата ја фокусиравме и на опасностите кои демнат на интернет и заклучивме дека освен мерките кои можеме да ги спроведеме, најважно е учениците да водат разговори со родителите, наставниците и отворено да дискутираат за потенцијалните опасности. Беше проследено едукативно видео за злоупотреба на интернетот, каде што учениците активно се вклучија во дискусијата поврзана со надминување на потенцијалните опасности. Потоа на крајот спроведовме Kahoot квиз.

Галерија:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s