Во рамките на неделата на информатиката , во период од 10 до 14.02.2020 година ,учениците и наставникот на на V-1 одделение од ООУ,,Дане Крапчев- Скопје, реализираа две од понудените активности .
Активност 1: ,,Кодирај го своето име”– секој ученик доби работни листови со табела ,,Моето име ” и ,,Абецедата претставена со бинарен систем” . Воедно абецедата со бинарен систем имаа можност да ја следат и преку ЛЦД проектор.
По дадените напатсвија за работа , учениците самостојно ги запишаа буквите од своите имиња, ,а потоа со помош на бинарната абецеда ги запишаа своите имиња.Секој ученик по завршување на активноста го истакна својот работен лист на табла. На крајот од активноста се побара од нив да дадат идеја за слична активност со помош на бинарните кодови, која во иднина би можела да се реализира.
Од учениците произлегоа интересни идеи за запишување со бинарни кодови и на презимињата, за пишување кратки реченици , кои потоа ќе си ги разменат и ќе ги преведат и запишат со кирилско писмо.
Активноста предизвика голем интерес кај сите ученици и сите успешно ја завршија зададената задача.
Активност 2 : Беше реализиран квизот,,Ден за побезбеден интернет 2020″.
На учениците им беше најавена целта на часот, како да бидат побезбедни корисници на интернет и како да се заштитат од разни опасности кои ги демнат на интернет.
За реализирање на оваа активност беше применета техниката,,Семафор”. Секој ученик во раката имаше 4 семафорчиња во различни бои. Еден ученик или наставникот ја читаше ситуацијата и можните одговори, секој ученик по кратко размислување,се одлучуваше за еден од понудените одговори и го креваше соодветното семафорче.
Доколку се одлучиле на одговорот под ,,А”-креваа црвено семафорче; за одговор под ,,Б”- жолто семафорче; за ,,В”- зелено и за ,,Г “- портокалово семафорче. За одредени ситуации за кои учениците имаа различно мислење, со примена на техниката ,,Жешко столче”-излегуваа двајца или тројца ученици со различен став за одредено прашање и го бранеа својот став, за да на крајот сите заедно на ниво на паралелка да направат проценка и донесат заклучок како е најбезбедно да се постапи за да се заштитат од сите опасности кои ги демнат на интернет .
Дискусијата која се разви и заклучоците кои беа изведени беа од исклучителна важност за безбедноста на учениците при користење на интернетот.
Дискусијата која се разви и заклучоците кои беа изведени беа од исклучителна важност за безбедноста на учениците при користење на интернетот.
Одделенски наставник :
Данче Костовска-Јакимовска
Пингување: Недела на информатиката во ООУ „Дане Крапчев“ Скопје – ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје