По повод денот за побезбеден интернет 07.02.2023 и „Недела на Информатиката“ ја одбележавме со повеќе активности, вклучувајќи ги учениците во „потрага по скриеното богатство“ – знаењето.
QR кодови поставивме низ ходниците на нашето училиште на кои учениците се натпреваруваа да одговорат на прашањата од: бинарен код, хардвер, кодови и загатки, препознавање на периферни уреди и наоѓање вредност во програмски код.
Со учениците од VII а и VII б одд. проследивме презентации, квиз и правила за безбедно однесување и користење на Интернет. Безбедност на лозинки, заштита и приватност на уредите кои ги користиме и совети како децата да се заштитат од лажни изјави на Интернет.
На часовите по Проекти од Информатика учениците изработуваа постер во online програма за графички дизајн Canva, каде што ја покажаа својата креативност и знаење.
Да ги поддржиме децата и младите луѓе во користењето на Интернет со совети, знаење и безбедност.
Дубравка Сершиќ, наставник по Информатика















