Во рамки на Неделата на информатиката 2023 во нашето училиште се реализираа неколку активности.
Учениците од 5в одделение добија инструкции и шеми за активноста „Графички слики“ и ги правеа сликите по своја желба (избор на полиња и бои), а потоа го запишуваа кодот за секоја слика. На крајот од активноста секој ученик презентираше какви „графички слики“ направил.
Наставник: Јасмина Анѓелкова








Учениците од 6 одделение дискутираа на тема „Каков онлајн пријател си ти?“. На Денот на побезбеден интернет учениците од 6 одделение подготвија и реализираа две работилници. Првата на тема кодирање – Кодирај го своето име ја реализираа со учениците од 4 одделение, а втората на тема – Ден за побезбеден интернет со учениците од 5 одделение. Во тек е и натпревар Потрага по богатството во кој учениците се натпреваруваат кој најбрзо и најточно ќе ги реши загатките кои се кријат зад QR кодовите поставени низ училиштето.
Наставник: Ѓорѓина Димова.



