Недела на информатиката 2024 во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка

Денес , 6 февруари 2024 година, во нашето училиште беше одбележан Денот за побезбеден интернет. Се реализира работилница на тема: „Безбедно користење и заштита на приватноста на интернет“ со 39 ученици од VI оддeление.

За време на работилницата се реализирани следните активности:

Презентација на тема: Безбедност на интернет;
Разгледување на видео со наслов „Онлајн граблицви: Опасна средба“;
Дискусија;
Активност: Барометар на чувства/Feeling barometer
Kahoot квиз „Онлајн безбедност“
Учениците имаа прилика да се запознаат со основните поими поврзани со приватноста и безбедноста на интернет, опасностите на интернет, како да ги препознаат и како да си ја заштитат приватноста и безбедноста на интернет. Учениците се едуцираа за приватноста на социјалните мрежи, како и препознавање на говорот на омраза.

Учениците беа мотивирани да дискутираат во врска со заштитата на нивните лични податоци и приватноста на интернет. https://joakimkrcovski.edu.mk/odbelezhan-denot-za-pobezbeden-internet/

Напишете коментар