Недела на информатиката 2024 во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ Центар, Скопје

Учениците од трето одделение од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ Центар, Скопје под менторство на наставничките Биљана Стојановска и Вера Петровска земаа учество во Неделата на информатиката и Денот за побезбеден интернет преку низа активности. Целта беше подигнување на свеста за безбедноста на интернет, како и развивање на критичкото и програмското размислување кај учениците.


Започнавме низ разговор за нивните навики на интернет, па продолживме со изработка на постери „Безбедно на интернет“ со совети што треба, а што не треба да се прави на интернет, на крај завршивме со квиз за Побезбедн интернет. Во наредните денови продолживме со активности по повод Неделата на информатиката: Анимирај го своето име и Фати ја ѕвездата со кодирање на Scratch. Иако учениците се помали, успрешно ги реализираа вежбите и тие редовно учествуваат во активности за кодирање.

Напишете коментар