Недела на информатиката 2024 во ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Учениците од V-2 одд. од ООУ „11 Октомври“ од Скопје со пригодни активности ги одбележаа неделата на информатиката и денот на побезбеден интернет. Под менторство на наставничката Весна Недановска беа реализирани низа активности преку кои учениците го разбраа методот на кодирање. Така, според зададен код, учениците во работен лист креираа слики со боење квадратчиња. Потоа, дебатираа на темата „Безбеден интернет“, проследија едукативни видеа и меѓусебно ги споделија своите искуства. Преку квизот „Ден за побезбеден интернет 2024“, учениците открија дали се добри „онлајн“ пријатели.

Напишете коментар